Правила

За користење на сервисот мора да се почитуваат следните правила:

  • Сервисот е отворен за сите интернет корисници.
  • Забрането е кратење на линкови кои водат до нелегални содржини како и кон други сервиси за кратење.
  • Под нелегални содржини подразбираме:
    • Користење на кратките линкови во SPAM пораки
    • Линкови кои водат до порнографски страници
    • Линкови кои водат до страници со малциозна содржина, вклучувајќи "phishing" страници
    • Било кој линк за кој што модераторите сметаат дека води кон несоодветна содржина и на некој начин нарушува нечии правила кои што не се дефинирани погоре
  • Мора да имате наполнето најмалку 13 години.

Скратените линкови кои не се во согласност со правилата, се бришат од базата.

Администрацијата на 0.mk не одговара за содржината до која што водат скратените линкови.

Доколку сметате дека некој линк ги нарушува правилата и притоа не е избришан од базата ве охрабруваме да го пријавитe.

Администрацијата на 0.mk може во било кое време да изврши измена на правилата и/или полисата за приватност.
Измените почнуваат да важат веднаш по нивното објавување. Притоа администрацијата не е обврзаната да ги извести корисниците за тоа.
Препорачуваме повремено посетување на правилата и полисата за приватност со цел да не дојде до идно недоразбирање.
Дополнителни известувања може, но немора да бидат објавени на официјалниот блог, Twitter профилот и/или Facebook страната.

За било какви забелешки и предлози контактирајте нé.