Што е 0.mk?

0.mk претставува прв македонски сервис за кратење на долги врски (линкови).

Кратењето на линкови е од особена важност при микроблогирање или било кој друг начин на споделување на линкови каде што бројот на карактери во пораката е ограничен.

Пример:

oд линкот http://www.google.com/#hl=en&source=hp&q=%22Lorem+ipsum+dolor+sit+amet%22+-+This+is+a+very+long+sentence&aq=f&aqi=&aql=&oq=&gs_rfai=&fp=22b4dcbb1403dc0f со должина 152 карактери добиваме линк http://0.mk/2b4c со должина 16 карактери. Разликата е очигледна.

Покрај краткиот линк корисникот добива дополнителен линк за статистика на посетеност како и линк за доброволно бришење на линкот.
Работата дополнително е олеснета со користење на некоја од понудените алатки.

Развивачите на апликации се охрабрени да го користат API-от на сервисот.

Историја

Сервисот официјално започна со работа Јули, 2009 година и за кратко време стекна голема популарност, особено помеѓу корисниците на Twitter. По 7 месеци успех, во употреба е пуштена и втората верзија на сервисот со подобрени функционалности, нов дизајн со посебен акцент на корисникот.

0.mk во медиумите

Покажи ги сите…

Должина на линковите

Должината на скратените линкови зависи од бројот на скратени линкови. Должината на доменот (http://0.mk/) изнесува 12 карактери. Со зголемувањето на бројот на скратени линкови, автоматски се зголемува должината на генерираната наставка.
Во моментот има 30570 скратени линкови и должината на наставката е 4 карактери.

Вкупна моментална должина: 16 карактери.